Фонд 5. Делегат на Комесарството за еврејски прашања и скопска еврејска општина – Скопје (1915-1947)
- Fond 5. Delegat na Komesarstvoto za evrejski prasanja i skopskata evrejska opstina (1915-1947)
- Fund 5. Delegate of the Commissariat for Jewish Questions and the Skopje Jewish Community - Skopje (1915-1947)
Rozmiary i nośnik
12 книги, 10 кутии, аналитичен инвентар со 1.310 архивски единици, листови 10.393, научно информативно средство искуцано на 107 страни.
Twórca(-y)
Biografia twórcy
Најраниот архивски податок за постоењето на Еврејската општина доаѓа од писмото испратено од митрополитот Неофит, до претседателот на Еврејската општина во Скопје Елиезер Наваро во врска со формирањето на Црвениот крс на 8.12 1915 година. Со документот за „Правилата на Еврејската вероисповедна општината во Скопје", донесен во 1936 година, се укажува на организираноста на Еврејската општина како самоуправно институционално тело кое управува со верско-управните, културните и добротворните установи, како и со верскиот имот, движен и недвижен. Нејзината функција се остварува преку обединување и образување на Евреите во Скопје, преку синагогални активности и училишни програми.
За време на Втората светска војна, Еврејската заедница продолжува да постои во изменети услови, наметнати со законите на фашистичка Бугарија. Во текот на месец август 1942 година е формирано Комесарство за еврејски прашања при Министерството за внатрешни работи и народно здравје во Софија. Тогаш еврејската општина ја губи својата самостојност и стапува под директна управа на Комесарството. Паралелно со формирањето на Комесарството, Министерскиот совет донесува и „Правилник за организација и управување на еврејските општини". Управата на еврејската општина ја сочинуваат: делегат, претседател и 4 до 6 членови, кои ги назначува делегатот. Со овој Правилник, престануваат да постојат еврејските здруженија и фондации.
По ослободувањето, во Скопје, на 26 декември 1944 година, е одржана конститутивна седница на Македонско-еврејскиот народноослободителен одбор. Обновената Еврејска општина во Скопје се насочува кон помагање на Евреите кои го преживеале холокаустот, решавање на нивните станбени и социјални потреби, обновување на синагогите, како и со утврдување на бројот на жртвите во холокаустот.
Dzieje zespołu
Материјалот е прибиран од Еврејската општина во Скопје.
Фондот е формиран од Државен Архив на Република Македонија - Одделение Скопје.
Zakres i treść
• Правила за организација и работа на Клубот на скопските Евреи основан 1920 (1923)
• Дипломи (повелби) на еврејски јазик
• Правила за организација на Еврејската општина во Скопје (1936)
• Упатста за проценка на недвижниот имот на лицата од еврејско потекло и оданочување на нивниот имот (1941)
• Коментар на Законот за заштита на нацијата (Софија, 1941)
• Закон за еднократен данок на имотот на лица од еврејско потекло (1941)
• Список на лица од еврејско потекло кои имаат влогови и акции во Скопската извозна банка (1941)
• Список на решенија и закони издадени од бугарската фашистичка влада против лицата од еврејско потекло (1941-1942)
• Проглас на КПМ за дигање востание против окупаторот (1941)
• Наредба за почитување на законските одредби во врска со слободата на движење на лицата од евресјко потекло, издадена од Управата на еврејската општина во Скопје (1942)
• Правилник за организација и управување на еврејските општини во врска со Наредбата на Министерскиот совет од 29 август, 1942
• Наредба за назначување на Делегат на Комесарството за еврејски прашања, согласно Наредбата на Министерскиот совет (1942)
• Список на бедни лица од еврејско потекло (1942)
• Закони и наредби кои го регулираат еврејското прашање, објавени во „Државен весник“ во Софија (1942)
• Акт од Министерскиот совет на Бугарија во врска со конфискацијата на недвижниот имот на лица од еврејско потекло, иселени од државата (1943)
• Наредба за ликвидација на имотот, сопственост на лица од еврејско потекло, иселени надвор од границите на државата (1943)
• Решенија со кои на одредени лица од еврејско потекло им се одобрува да добијат пасош и да ја напуштата државата (1943)
• Известување за обновување на еврејската општина во Скопје (1944)
• Средба на преживеани Евреи, одржана на 20 декември 1944 (1944)
• Податоци за вредноста на конфискуваниот имот на лица од еврејско потекло (1945)
• Известување дека е формиран Одбор за помош на Евреите од Југославија, со седиште во Белград и препорака да биде формиран Одбор за помош во Македонија (1945)
• Список на Евреите кои се пријавиле во еврејската оптина во Скопје (1945)
• Записници од состаноците на еврејското младинско културно друштво, одржани во октомври 1945 (1945)
• Акт до Истражната комисија за утврдување на злоделата на окупаторот (1945)
• Акт од Одделението за заштита на народот од страна на еврејската општина во Битола, во врска со лицата кои ги организирале или извршиле злоделата врз Евреите (1945)
• Записник од Управата на еврејската општина во Скопје, од 25 април 1946
• Документ со кој се потврдува дека Евреи, на листата во март 1943, се насилно одведени во Германија и за нив не постојат подоцнежни информации (1947)
• Наредба за утврдување и составување на буџетото на еврејските општини од страна на Министерскиот совет (1942)
• Насоки за изготвување на буџет за 1942 година упатени до синагогата во Скопје (1942)
• Списоци на потврди со кои се внесени средства на сметката 544 Фонд Еврејски општини, добиени од продажбата на имотот на лица од еврејско потекло (1943)
• Извештаи за собраните пари од Евреите собрани во логорот (1943)
• Регистер на 161 лице од еврејско потекло и уверенија
• Значки за одбележување на Евреите и список на издадени значки (1941)
• Картони за обележување на еврејските домови (1941)
• Купони за снабдување на еврејското насление со леб (1943)
• Списоци на членови на еврејски семејства кои живееле во Македонија и Србија
• Список на лица од еврејско потекло кои поседувале радио апарати
• Барање од Петар Габровски, Министер за внатрешни работи и народно здравје, упатено до Министерскиот совет да му нареди на Комесарството за еврејски прашања да ја изврши депортацијата на Евреите од Македонија и Тракија (1943)
• Договор за депортација на 20 000 Евреи во германските источни делови, склучен меѓу Алксандар Белев и Теодор Данекер (1943)
• План за организирано иселување на Евреите и нивно сместување во привремен логор (1943)
• Делови од изјави на очевидци во врска со присилното иселување на Евреите од нивните домови и нивната депортација (1943)
• Списоци на членовите на еврејските семејства сместени во привремениот логор во Скопје и распоред на возовите за депортација (1943)
• Листи (на германски јазик) на членовите на еврејските семејства сместени во привремениот логор во Скопје (1943)
• Податоци на Евреите од Скопје, Штип и Битола сместени во привремениот логор во Скопје (1943)
• Молба од група Евреи за ослободување од привремениот логор во Скопје, како странски државјани (1943)
• Решенија за назначување на помошен персонал во привремениот логор во Скопје (1943)
• Потврда за издадени лекови за потребите во привремениот логор во Скопје (1943)
Ocena wartości
Фондот е значаен за:
• активностите и функционирањето на еврејската заедница во Скопје пред Втората светска војна
• за воведување на антисемитските закони од страна на бугарските фашистички власти во Македонија
• за колаборацијата на бугарските и германските авторитети во врска со решавањето на еврејското прашање во Македонија
• за таргетирањето на Евреите, нивно исклучување од јавниот живот, подготовките за нивна депортација и нивна депортација во Полска
• за одземањето и продажбата на еврејскиот имот, движен и недвижен од страна на бугарските власти и уплата на средства од продажбата директно во фондовите на филијалите на бугарската Народна банка во Софија
• Листа на Евреите од Македонија, депортирани од Монополот во Скопје во Треблинка II, рачно напишани од командантот на логорот во Скопје, Пејо Драганов
• Германски листи за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка II
• Докумети за граѓански статус, изводи на раѓање и книга со податоци за Евреите со азбучен редослед
• Беџови и листа на издадени беџови за Евреите, попис на еврејските куќи
• Купони за храна за лицата од еврејско потекло
• Попис на индивидуални декларации за одзмен имот на Евреите од Скопје (куќи, земјиште, дуќани, куќен инвентар, злато, инструменти и др.)
• Класификациско досие за движниот имот на Евреите, потвди за продажба на движниот имот на Евреите и потврди за уплата на средства од продажбата на имотот во бугарската Народна банка
• Преписка меѓу Комесарството со бугарските и германските фашистички власти во врска со спроведување на специјалните закони за Евреите
• Преписи на оригиналните специјални закони за Евреите од германски на бугарски јазик
• Возобновување на еврејската заедница во Скопје во 1944
Sposób uporządkowania
Архивскиот материјал во овој фонд опфаќа три периоди: периодот меѓу двете светски војни, Втората светска војна и повоениот период. Главните документи се однесуваат на организацијата на општината во овие три периоди, имплементација на антисемитските закони од страна на бугарските власти против Евреите, собирањето на Евреите во Монополот и нивната депортација во Треблинка II. Од повоениот период, значајни се Записниците од состаноците на возобновената еврејска заедница
Warunki decydujące o reprodukowaniu
Копирање и скенирање на материјалот е дозволено.
Pomoce informacyjne
Водич (Скопје: Државен Архив на РМ, 1996)
Istnienie oryginałów i miejsce ich przechowywania
Државен Архив на Република Mакедонија - Одделение Скопје
Reguły i zwyczaje
EHRI Guidelines for Description v.1.0